Од кого ќе научиш?

Be#Next 3 ќе ја предводи Драган Војводиќ – човек со над 20 години искуство во развој на луѓе, продажба и лидерство, и официјален претставник на една од најголемите светски консултантски организации – Sandler (Baltimore, USA).

Дипломиран менаџер на Универзитетот во Белград, Драган уште како студент знаел дека нема време за „класичен“ пат. Факултетот го завршува забрзано, а кариерата ја започнува во Porsche, продолжува во Volvo и Raiffeisen банка.

Но, брзо сфаќа дека корпоративниот систем не е неговата игра.

Драган е автор на две книги:
„Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“ – книги кои не мотивираат, туку будат одлука.

Во 2012 година, по покана на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, има чест да одржи предавање во Белиот двор, заедно со Ник Вујичиќ.

Покрај продажбата и бизнис стратегијата, Драган има длабока психолошка основа – учел Логотерапија, третата Виенска школа по психијатрија, кај проф. др. Криже Катиниќ од Загреб.

Патува низ целиот свет, предава, учи и доаѓа до еден јасен заклучок:
луѓето се исти – разликата е во одлуките што ги носат.

Семеен човек, татко на Марија Анџела и сопруг на Марија – со која заедно го гради и живее бизнисот.

Во 1970 година, Дејвид Сендлер одлучува дека е доста од продажба без почит.
Доста од „ќе размислиме“, „немаме буџет“ и продавачи третирани како неплатени советници.

Затоа, заедно со клинички психолози, создава систем кој ја менува играта.

Sandler не е техника. Sandler е систем.

Методологија базирана на предвидливи човечки обрасци, која:

  • воспоставува рамноправен однос меѓу продавач и купувач
  • ја враќа почитта и контролата во продажниот разговор
  • учи да се затвори договорот пред да се испрати понуда

Зошто да праќаш понуда на некој што не сака да купи?

Денес Sandler е присутен во 300+ центри низ светот, во 30+ земји, и важи за една од најпочитуваните продажни методологии глобално.

Една клучна вистина што ја учи:
Парите не се проблем. Прашањето е – дали те почитуваат.

Sandler не верува во еднодневни семинари.
Верува во долгорочна промена, практика и поддршка.

Со Sandler – не молиш. Разговараш како еднаков.

26.09.2026 · Музеј на македонската борба · Скопје
Купи книга
26 СЕПТЕМВРИ · 18:00–21:00 · СКОПЈЕ ЕГО, ЉУБОВ, ВИСТИНА · 1.200 ДЕН ЗОРАН САЛОПЕК ВО ЖИВО ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХ 26 СЕПТЕМВРИ · 18:00–21:00 · СКОПЈЕ ЕГО, ЉУБОВ, ВИСТИНА · 1.200 ДЕН ЗОРАН САЛОПЕК ВО ЖИВО ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХ
Be#Next+ претставува

Психологија
на успех

Една вечер со Зоран Салопек. Успехот не е среќа, ниту случајност. Е психологија. И може да се научи. Или не може — зависи во што веруваш.

Зоран Салопек
Искрено…

Не доаѓај, ако…

Мислиш дека веќе сè ти е под контрола Веруваш дека успехот е чиста среќа Не си спремен да се погледнеш во огледало Бараш мотивациски цитати, а не промени
Ама ако си спремен да престанеш сам на себе да си пречиш — ова е твојата вечер.
Дознај повеќе за говорникот

Зоран во Next Gen Podcast

Пред да дојдеш во живо, погледни го неговото гостување во нашиот подкаст. Ако ти легне разговорот, предавањето е следното ниво.

Што ќе однесеш дома

Пет работи што остануваат

01

Го препознаваш егото

Како да го видиш и стишиш егото што те кочи, приватно и професионално.

02

Емоционална зрелост

Одговор наместо реакција. Како да созрееш кога другите остануваат на исто.

03

Крај на страдањето

Како да го отстраниш страдањето што најчесто сам си го создаваш.

04

Својот пат

Како да откриеш каде навистина одиш, наместо да живееш туѓо сценарио.

05

Вистински успех

Психологијата зад самореализацијата и успехот што трае.

Зоран Салопек, автор и предавач
Кој е говорникот

Зоран Салопек

„Сето страдање е аларм дека со тебе управува егото, а не љубовта."

Автор, ментор и предавач. Со години им помага на луѓето да го стишат егото, да созреат емоционално и да го најдат својот пат. Предавањата му ги полнат салите низ регионот.

Роден е 1980 година. По детство обележано со сиромаштија и семејство скршено од алкохол и насилство, тргнал по пат на длабоко себеспознавање и ослободување од наметнатото страдање. По факултет започнал во академската заедница, а по постдипломски студии се насочил кон висок менаџмент во домашни и меѓународни компании, подоцна и кон претприемништво, финансии и инвестиции.

Прочитај повеќеПрикажи помалку

По низа ненадејни увиди и длабока лична трансформација, ги продал своите компании и целосно се посветил на ширење на знаењето. Основач е на Меѓународниот институт за емоционална зрелост и на Level Up! Академијата на мудроста. Неговиот пристап е холистички — спојува филозофија, психологија и духовност во целина што нуди јасни, логични одговори на најдлабоките животни прашања. Чест гостин на меѓународни подкасти и конференции, низ неговите предавања и работилници поминале илјадници луѓе.

Автор на бестселери
📕 Небодер на животот📗 Его, љубов, вистина
Тек на вечерта

Како ќе изгледа

18:00

Доаѓање и добредојде

Регистрација, кафе и заземање место.

18:30

Психологија на успех

Главното предавање со Зоран Салопек.

19:45

Пауза

Кратка пауза за освежување.

20:00

Прашања и одговори

Директен разговор со публиката.

20:45

Дружење и потпишување книги

Фотографии и потпис, до 21:00.

* Термините се ориентациски и може малку да се поместат.

Просторот

Музеј на македонската борба

Најрепрезентативниот амбиент во државата. Целосно реновиран аудиториум во срцето на Скопје, за вечер каква што бара темата.

Аудиториум
Хол
ул. 11 Март бр.1, Скопје
Отвори на мапа
Карти

Продажбата заврши

Заклучено
🔒
Рана цена
2.500 ден
Првите 50 карти
Продажбата е затворена
Заклучено
Заклучено
🔒
Редовна цена
3.000 ден
Следните 100 карти
Продажбата е затворена
Заклучено
Заклучено
🔒
Последна цена
3.500 ден
Последните карти
Продажбата е затворена
Заклучено
Заклучено
🔒
ВИП карта
4.500 ден
Прв ред, книга и коктел
Продажбата е затворена
Заклучено

* Продажбата на карти за овој настан е затворена. Благодариме на сите што дојдоа.

Книга

Купи ја книгата

Его, љубов, вистина · Зоран Салопек

Его, љубов, вистина

Како да го стишиш егото и да ја најдеш својата цел

Книгата на Зоран Салопек за сè за што зборуваше на сцена: зошто егото ни стои на патот, како да созрееме емоционално и како да престанеме сами да си создаваме страдање. Продолжи ја вечерта дома.

1.200ден
Купи книга
Прашања

Често прашувано

Колку трае настанот?

Настанот трае околу 2 и пол до 3 часа, со кратка пауза и дел за прашања.

Дали местото е гарантирано?

Да, со купена карта местото ти е обезбедено. Седењето е по редослед на пристигнување.

На кој јазик е предавањето?

Предавањето е на српско-хрватски јазик, целосно разбирливо за македонската публика.

Има ли паркинг?

Да, во непосредна близина на музејот има простор за паркирање.

Може ли да купам книга?

Да. „Его, љубов, вистина“ може да ја купиш онлајн за 1.200 ден преку копчето „Купи книга“.

26 септември · Скопје

Успехот почнува
во главата.

Вечерта заврши. Книгата останува.

Купи книга
Психологија на успех · Зоран Салопек · 26.09.2026 · Музеј на македонската борба, Скопје
Контакт: 072 302 649 · info@benext.mk
Его, љубов, вистина · 1.200 ден
Книга од Зоран Салопек
Купи книга
Scroll to Top